воздух (имн.) - го (зам.)

Беше тоа колку величествена толку и мачна глетка, штрковите се сјатија врз него и уште во воздух го убија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се повеќе од нејна град се крева плач и пискотот што воздухот го полнат. Над овој толку тажен створ се збраа многу жени и со една тага болна ѝ шепнат тие збор по збор.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но, кога излезе таа вечер од Министерството, миризливиот априлски воздух го предизвика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше речиси сѐ на што потоа Ливајн се сеќаваше, тој необичен атмосферски ефект на сивото сонце над сивото мочуриште, мирисот и впечатокот што воздухот го оставаше.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За кратко време свежиот воздух го повраќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Студениот воздух го освежи, му ги разведри мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан скрши по едно парче од тричникот, што тие уште во воздух го дочекаа в заби и пак се вратија во тремот, пред плевната, на суво да го уживаат својот појадок.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Воздухот го беше измила олујата од претходниот ден, и го беше прочистил ветрот од пазувите на Баба планина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Оној Мартин како пува, воздухот го расипува!“ му велеа секому кој ќе наидеше додека тие излегуваа од лифтот, по што секогаш одекнуваше смеење низ ходникот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Многу работите! И многу знаете! Сите треба да соработуваме, зошто воздухот го дишеме сите!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)