возбуда (имн.) - го (зам.)

Ех, со колкава возбуда го чекаше мигот, кога тато ќе влезеше во кујната и ќе го викнеше: Пауза, народе!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Побрза да не го удрам или тој да не замавне на мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го сошивме Цацко, но во онаа возбуда го промашивме – конецот!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Татко со голема возбуда го слушаше Игора Лозински и во него уште повеќе зајакнуваа неизбежните асоцијации со судбината на луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еднаш, кога разминувајќи се на скелето, пак се жулна, него пак возбуда го обзеде, пак му наудри жештина во главата, пак снагата му затрепери и ѝ рече: „Доста работиме, газдарице...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Тој не те сака?“ Сега и жената во чија куќа ја боледував треската и ја доживував најголемата своја возбуда го следеше оддалечувањето на плеќестиот Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– Штом ти го покажав писмото- покана за Италија и ти со голема возбуда го прочита, те озари некаква светлина во лицето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Возбудата го обзеде уште вчера кога кметот на Езерец му јави дека Комисијата ќе го посети манастирот за да се запознае со него и да изврши разграничување на синори.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)