воденица (имн.) - во (предл.)

Тие тешки вреќи со пченица се носеа кај малата воденичка во долот да се сомелат : зрно по зрно, па дури тогаш можеше да се добие лебното брашно...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На изложбата исто така беа изложени и неколку други подготвителни студии, како и реконструкцијата во потполна големина на делото “Цепелин со воденица во соседни метали”(1913-1915) (“Glider Containing a Water Mill in Neighborinng Metals”) и “Девет шеќерни рељефи” (1914-15 - “Nine Malic Molds), Ричард Хамилтон ги изработи за изложбата во Тејт галеријата во 1966.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Никаков господ не создал толку птици колку што се над петмината оживеани и никаков господ не го качил толку високо вчера обесениот Јаков Иконописец - ги шири рацете, лета, на светов му се нужни нови светци, а тој е светец од оној ден кога во песокот на рекичката Давидица ја закопал мртвата глава на сиротинскиот доброчинител Селџик-бег што ја симнал од кол пред Али-беговата воденица во која еден Ариф Исмаил од Анадол може да сомеле и жито и камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како и да е, врз база на една сочувана копија на паус, Анре Рефреј, за оваа изложба, верно го “реконструира” цртежот од атељето на Дишан и го постави на ѕидот од /галеријата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)