вода (имн.) - студен (прид.)

Течи ми водо студена! Течи си — рони брегови! Течи - и нам низ срцето нели и крвта ни тече?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Дејгиди горо зелена! Дејгиди водо студена!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
За миг од дебелата ладовина се разнесува песната: „Горо ле, горо зелена, имаш ли вода студена, да дојдам да се напијам.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За миг писнува гајдата. Комитите се фаќаат за рамената.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој војвода ѝ порачувал на гората: „Горо ле, горо зелена, постели сенка дебела, приготви вода студена!" И гората го слушаше...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Вода студена дајте му, - рече дедо Геро војвода, истрча надвор. Најдо по него. Петре Даскалот остана дома.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Потем три дена се молеше Богу во својата пештера и на четвртиот ден тргна вода голема од карпата, од Папокот на светот: вода студена, изворска, кладенец студен среде врела пустина!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се спуштила од небо месечината од жед излудена, во оаза од палми да се напие вода студена.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се видела во водата, се зачудила: „О колку сум убава!“ се возбудила.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Растат жита, горе нависоко: оризите крај вода студена, мрки урви дури до колена, жолти ’ржи до преку рамена.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)