вода (имн.) - нема (гл.)

Ќе седи, седи, ка ќе виде оти вода нема, истерисмес, ќе стане, ќе залее, оти сака да се напие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Како ќе течат чешмите, кога во реката вода нема, кога на метар и половина капка вода не се појавува, зборуваа оние кои копаа во песокта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Една вечер многу настинав и барав да стане, а таа ми рече: Сине, вода нема, влегол бикот, ја испил целата вода.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А замисли, на гости дечиња на журка, и едно две, им се мочка, им се кака, а вода нема ни кафе да направиш, а не па подморници во тоалетна шолја да потонуваш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Реката Луда Мара вода немаше, само еден бунар имавме веднаш до реката од кој постојано црпевме вода сè додека не се дојдеше до песокта.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
да не стекла пак реката, да не ги откорна овошките или само алето, е во Америка алињата им се дома, в среде куќа, е па водата нема узда, не се запира со прачка и со викање, а да ја видиш онаа вода што се оди со денови, еднаш ни рекоа денеска морето ќе игра, а кога игра морето, не играјте вие и кога зеде да рипа, да станува и да седнува, леле мајко, потплашена кобила, фучи и се пресега преку бродот и го прескока и 116
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вртат камењата, меле. Вода нема, а камењата штракаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За среќа, иако дворот повисоко од самите подруми, внатре вода немаше пробиено ико пред да стигнат до овој дел шлапаа по барички.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)