вода (имн.) - може (гл.)

Во паркот спроведоа чешми и вода можеше да се зема од нив и за перење.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Еден ден, бидејќи е врело лето, водата може да секне. Но, па што?.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Само вода може валканица да измие под млаз од доживувања нови, такви обезличени судби без име, само справедливост без аршин двоен. Еден се многу, а малку се сто.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Беше дваесет и први јуни, кога главниот инженер извести дека најпосле работата е завршена и водата може да потече.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сонцето сѐ уште грееше, а поради горештиот ден, земјата беше вжештена и студената вода можеше лошо да влијае врз растенијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оваа вода може вода да ѝ носи на нашана вода, вели Оливера, може вода да ѝ потура.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само во смирена вода можеш да се огледаш...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Само под вода можеш да избегаш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)