вода (имн.) - има (гл.)

Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Водата има темен мастилав цвет, густа е, мазна и мрсна и смрди на пцовисано.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Тој маж досега на сто пусии паднал, ама ниедна го нема задржано.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чешмата вода има, гората засолниште, сигурно нема да бидат забележани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нема раскош и удобности како на „Златните песоци“ и на „Сончевиот брег“, но сонце, воздух и вода има во изобилство, а тоа го нашол секој од десетиците и стотиците илјади летувалци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
До тој расцветан лотос во мирната вода имаше уште еден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И како можат сите оние луѓе онака по местата да им веруваат дека навистина преку овие црни водје има некакви мостови.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Вие само слушајте зашто после како вода има да ми ја знаете.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И да ви кажам: Оченашето и Во имја оца за кусо време како вода има да го знаете...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мајка ми многу често велеше: во таа вода има најмногу сонце.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби тоа беше само нејзината испробана метода да ме наговори да влезам во водата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно во водата има и остатоци од материи што потекнуваат од индустриски отпад!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)