вода (имн.) - бил (гл.)

На куќичката каде што се произведувала колонската вода бил ставен бројот „4771“ по кој подоцна целата улица била обележана со овој број.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На своите степски коњи тие како ветар јуришале на добро извежбаната и храбра римска војска.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Опустеле зелените полиња, поцрвенеле од крв бистрите реки и потоци.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Густите букови и костенови шуми меѓу чии стебла жуборела чиста изворска вода биле вистински рај.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мојот еким Ибраим-ага вели дека ми е крајно време да одам таму. Водата била топла и многу лековита.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Целта на надојдената вода била да го отскрие председателот, сите се чудевме после тоа. - Зборуваше баба ми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)