вода (имн.) - бев (гл.)

Дедо Васја не го чу, а се плашеше да го потпраша уште еднаш.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Брегот се сокриваше во темнината. Ѕвездите не се гледаа. Водата беше црна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Вистина водата беше на почетокот млака, но штом ја свртев повеќе славината, започна неподнослив шум од движењето на водата веројатно под голем притисок.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ја свртев славината. Металот жежеше, а водата беше врела. И со сила не се пие.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го дигна бокалот и ја зафрли главата чудејќи се на своите гласни голтки. Водата беше млака.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јас реков бунар да се ископа в село, зашто таму вода беше потребна уште повеќе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Радосна игра во вода беше додека подното, со нозе, ги бараа незините гаќички.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За среќа, најстариот калуѓер забележа дека бардето со вода беше замрзнато, па Бајко се предложи, наместо измеќарот, тој да тркне до чешмите на крајот од панаѓурот, да наполни тазе вода, и за пиење, и за миење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Водата беше топла и црна.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Големата вода беше пак толку блиску, се колнам, таа беше во нас.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Небото над Големата вода беше црвено. Проклет да бидам, во пламен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сите прозорци од каде што можеше да се гледа Големата вода беа соѕидани.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дримот течеше бавно и тивко. Водата беше темнозелена.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Водите беа кристално бистри, не толку длабоки, и го покажуваа езерското билно царство со преливите на невидени бои во кои царуваше синилото и зеленилото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Само се полнеа а никако да се испразнат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Малку понатаму се затскрив, како да сум отишла по нужда и ги соблеков пантоланите, ги истресов од калта, но водата беше густа од црвената земја, ги исфрлив опинците и чорапите, па така ги облеков пантоланите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)