воајер (имн.) - се (зам.)

Како некој воајер се приближив по ходникот до двете жени што пискаа, мајка и ќерка на човекот што го хоспитализирале пред некоја минута во приемната амбуланта, а дежурниот лекар само што им рекол дека починал.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Уиграните настапи на нашите литературни воајери се немилосрдни и сурови: со националната вистина нема компромис или ценкање.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Пред неумоливата, татковинска вистина, која инаку, е општо позната, макар што тоа сѐ уште никој не го знае, бидејќи сѐ уште не се прочуло, Енценсбергер потполно занеме; делува како залутан молекул на една непријателска територија, која Србите секој момент ќе ја освојат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)