внимание (имн.) - кон (предл.)

Англосаксонската традиција, денес можеби најплодна, за телото размислува како за проблем на релација body-mind.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Посебно внимание кон телото денес покажуваат женските истражувачки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Куклите се хомологии, а патиките се вистински елементи што овозможуваат метонимиска врска заснована на соседство, допирање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Благодарение на патиките овие дела и конкретно го насочуваат нашето внимание кон адолесцентскиот „ангст“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нешто подоцна ја виде витата фигура со капа на православен великодостојник чија пана оддалеку се забележуваше, слободно развејувајќи се како голем свештен барјак преку оградата на бродот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По реализацијата на тие итни задачи можеше да го сврти вниманието кон спецификите на ова мало островце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неговите рани филмови се фундамен­тал­но филмски, сижето во овој случај нè одвраќа од вниманието кон медиумот, а и самата постапка е елементарна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Колку што повеќе е изоставено, тол­ку повеќе е видливо она што недо­стасува”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ја штитеше со своето нагласено внимание кон неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Посебно денес, кога конкуренцијата при објавувањето книги е веројатно најголема, за писателот е многу корисно да ја запознае техниката на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Целта на оваа вежба е да ја развие техниката која веднаш ќе го привлече читателот кон следниот параграф и ќе предизвика во него желба да тргне понатаму, бидејќи го приврзавме неговото внимание кон овој параграф, токму поради неговата занимливост. Ако не се извежбаме да пишуваме вакви параграфи, кои му претходат на дејствието, не можеме никогаш да постигнеме вистински суспенс.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А таквите посети во нашиот живот беа толку ретки што нема потреба да ги барам и да ги извлекувам од долапите на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар ќе можат да го доживеат на сличен начин како и јас оној момент кога мајка ми одредуваше каде ќе треба да копам со истион показалец што го користеше одвреме навреме за да ми го сврти вниманието кон птицата што ја прелетува нашата куќа; или, во други случаи, за да ме предупреди дека некој непознат или некоја од нашите сосетки од зад Долни Рид наближува по каменливата патека?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа ајде да не го следиме мнозинството на теоретичари и да не бидеме фобични на подробности и ситници: наместо тоа, да го свртиме нашето внимание кон еден посебен проблем: егзибиционизам.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова е во ред бидејќи тоа е начинот на кој зборот обично се користи, но тоа може и да нѐ доведе до забуна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Другиот аспект кој ме загрижува е негирањето или недоволното внимание кон смелите експериментирања кои се изведоа во Лондон, посебно оние иновации на границите на уметничките форми и стилови.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сосредоточувајќи го, наместо тоа, вниманието кон конкретно политичките (а затоа и не толку тревожни за утробата) барања за еднаков третман, за општествено признавање и процедурална правда, напредните општествени движења им издејствувале на припадниците на стигматизираните групи значителни придобивки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пренесувајќи ја таа улога од женски на машки субјект и изведувајќи ја години по ред, италијанските вдовици од Фајер Ајленд ја преувеличувале, ја денатурализирале и ја театрализирале, а ефект од тоа било што се привлекло внимание кон нејзините изведбени димензии и што станала уште позасмејувачка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Херменаутиката е општа пракса на лектира или одгатнување на религиозен, литературен или филозофски текст, и која претпоставува дека текстот овозможува читање во одредена смисла, и дека, доколку се обрне внимание кон длабочината на текстот, нужно се доаѓа до смислата, до содржината и значењето на текстот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Вниманието кон поставеното како спротиставено на универзалистичката природа на исказите е клучна идеја.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Делчев, кој секогаш се однесувал со симпатии и внимание кон гемиџиите, му ветил на Орце дека за ова прашање ќе му пише на ЦК и дека работите ќе се средат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И со својата постојана грижа за земните работи, со своето внимание кон него, со телото и со душата своја, таа го осветува, оти само преку неа тој е весел во својата тага и имотен во својата беда.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа ме инспирира и ми го сврте вниманието кон коренот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вистинската сопственичка сето тоа го видела, но секако дека не се осмелила да го сврти вниманието кон таквиот чин во присуство на третото лице, кое стоело веднаш до неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Добар дел од животот го поминал во доброволно прогонство (Трст, Пула, Цирих, Париз).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во своите најубави раскази, Пирандело го свртува вниманието кон смешните, но трагични и противречни (гротескни) животни ситуации.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сѐ почна без врска, а не ни знам што вистински ми го привлече вниманието кон неговото пакосно присуство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Немањето на таа доблест бара многу труд и умостегање, за да се привлече вниманието кон втората вредност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ненадејното свртување на вниманието кон нешто ми ги возбуди заспаните сетила, и разбрав оти патот до Франкфурт е благо завиен и длабок, претежно рамен и директно не го посочува местото кон кое води, спротивставено на општите очекувања.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Неколку графички конвенции се учат во училиште (како писмото треба да изгледа, како да се напише адресата на коверта, како да се постави научен експеримент или математички проблем); но не се подарува внимание кон учењето на општите принципи на визуелната организација на јазикот коишто би можеле да се употребуваат во различни прилики, ситуации и технологии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во тоа подоцна се уверив кога се вратив од мисијата во земјата која ја претставував, во Југославија, за конечно да го поднесам својот палестински извештај на некој начин раздолжувајќи се, барем официјално со палестинското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имав впечаток дека вниманието кон Арафат и Палестина не беше како некогаш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека Моцарт ќе го насочи вниманието кон воинственото во Турскиот марш, Бетовен оди подалеку: тој од оркестарот на јаничарите (mehter takimi) ќе позајми некои од инструментите, музичката реторика, но и контрапунктот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уметникот сега многу повеќе се сретнува како поврзувач на нештата, некој кој сканира огромно поле со можни интересни места: она што јас ќе го направам е да го привлечам твоето внимание кон овој редослед на нештата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мал знак на внимание кон наделеку познатата госпоѓа Петра“ „Со ништо не сум ве задолжила“, рече Петра поклопувајќи го со едната рака кесето со кафе и подавајќи ја другата кон шишето вињак, како да е готова да ги турне назад кон него и без проблем да ги тргне кон себе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Насмеано, дотерувајќи го чаршафот на масата во знак на внимание кон гостинот, му рече: „Вие сте јабанџија! Досега не сум ве видела?...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Артикулацијата на таа „скриена спротивност“136 што секоја идеолошка порака ја содржи во себе, фрла светлина врз двостраниот амбивалентен аспект на комерцијалната порака.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ефектите од културното попречување се двојни: тоа привлекува критичко внимание кон оригиналната порака, истовремено отворајќи простор за нови и алтернативни значења.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Пред малку, на една географска карта на Македонија се обидов да ја видам оддалеченоста меѓу Скопје и Тетово, како што се истакнува главното место на немирите. Педесет километри. Па тоа е малку!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа како што не престануваше да ја шири вистината за моите книги среде своите пријатели, да им пишува на издавачите, на уредниците на книжевните емисии за да го свртат вниманието кон моите книги, се обидуваше и во настаните кои ја загрозуваа иднината на Македонија да ја открие логиката на помирувањето, соживотот на македонското и албанското население, како и другите етнички заедници, гледајќи ги обединети во заедничката татковина Европа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)