власт (имн.) - го (зам.)

Религиската репресија во земјите на социјалистичкиот лагер запо­чнала штом власта го означи Ватикан како непријател чие влијание требало да се смали, додека националните цркви како институции требало да бидат подредени на целите на режимите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред сè што ги беше запознал затворите на сите режими и сите власти го водеа во своите тајни списоци на сомнителни, се држеше исправено како и секој граѓанин што зборува сешто и ништо не урива, така што можеше да му дадеш од четириесет до шеесет години и пак да не погодиш и пак да не згрешиш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И затоа никој не знае како стана и што стана ама Сврделот, бидејќи изгледа власта го дошика што работа работи, мораше да побегне и да оди со партизаните, заедно со тој Ѓунијата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На навалување на Началството од Потковицата и на Комитетот од Прилеп, и лично на војводите Петрета Ацев и Горчета Петров, бугарските воени власти го оволнија Петара, како хранител на помалите браќа, а тие, Началството, Комитетот и војводите, за да не се дозапусти сосема лозата Младенови и за да има навистина кој да се грижи за сираците, уште истиот ден го оженија со една Дамческа, со Калина Блажева Дамческа, која, пак, се учеше во француското Женско училиште во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа Филип II ја наметнал македонската власт врз соседните племиња па дури под македонската власт го ставил илирското мнозинство, освен оние што живееле на јадранскиот брег, Трибалите на север, па Хелените на југ и Тракијците на исток.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дознавајќи дека повеќето од гемиџиите потекнуваат од Велес, властите го испратиле Џемал-бег, член на Воениот суд, да изврши истрага.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- И - продолжи Кузе - тие од горе рекоа дека со тоа се покажа дека е народен непријател и затоа народната власт го одведе Ѓорѓи во народниот затвор во Преспа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)