власт (имн.) - ги (зам.)

Во една таква буна, во касарните во Крагуевац, српските воени власти ги откриле организаторите, меѓу кои биле и двајцата помлади Крстеви браќа, близнаците Цветан и Јордан, и ги стрелале.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само што си издојдоа затворениците и само што заживеа колективот, на помина ни три години, излезе нов закон, властите ги растурија колективите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Петара веднаш го мобилизира војската, го доизучи и го направи офицер, а Неделко и Тодета, под изговор дека се грижат за воените сирачиња, а всушност со сосема јасни намери, за да ги посрбат, училишните власти ги однесоа - Неделка во Крагуевац, Тодета во Горни Милановец, божем за да ги изучат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нивниот ридски спокој, во пролет, кога се обрастени со ниска и сочна трева, од памтивек па сè до крајот на последната Голема војна, и некоја година потоа, (пред што луѓето беа натерани во колективи, и пред што, потоа, откако властите ги растурија колективите, емиграцијата ги изгони по градовите и низ светот), го нарушува мноштво стада.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некои држави им дозволуваат на месните власти да ја забрануваат продажбата на пијалок во баровите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Продажбата на пијалак на лица на одредена возраст своевремено се разликуваше од држава до држава, но сојузната власт ги примора сите држави да не продаваат алкохол на помлади од дваесет и една година.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие состојби, како и разнишаноста на османлиската власт на Балканот нуделе примамлива можност за територијално проширување на Србија, Грција и Бугарија на сметка на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Меѓутоа, откако Младотурците се зацврстиле на власт ги изневериле надежите и ги заборавиле ветувањата дадени на македонското население и НФП.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
178 А. М., ф.238 - Француски конзулат во Солун, 27 мај 1903 - анекс-изјава на Стефан гавазот на католичката црква по случај апсењето на Марко. 179 Истото, анекс “Солунски Дневник“ од 18 и од 20 мај 1903. 180 Овие вести властите ги добиле или од Наум или од Стефан.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Факт е дека турските власти ги исползувале тие атентати за да ја обезглават и компромитираат Револуционерната организација како анархистичка и да му се одмаздат на нашиот народ кој ја имал смелоста да дигне глава во цела Македонија против режимот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сите ранети лица властите ги сметале како затвореници и ги лечеле во затворската болница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа, сите мерки што турските власти ги преземале против револуционерното движење во Македонија, па и оние што обично во Европа предизвикувале гнасење, во Грција се одобрувале и оправдувале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се истребија ајдуците што земаа склаф. Доколку излезе некој, власта ги гони.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Новата власт започна и со реквизиција, собираше месо, жито, маст, сирење; постави нов кмет и донесе нови мрежи за ловење риби и им ги раздели на рибарите да фаќаат што повеќе риба; власта ги пречекуваше рибарите и уловената риба ја делеше на два дела: еден за рибарите, друг за власта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Пуиг прикажува двајца општествени изопштеници: првиот е геј-маж маѓепсан од филмска ѕвезда, чии гламурозни филмови што се случуваат во денешницата, полни со восхит кон повисоките сталежи, изворно требало да служат за ширење нацистичка пропаганда; вториот е стрејт, строг, идеолошки исправен марксистички револуционер, чии политички заложби исто колку и неговата хетеросексуалност исклучуваат секаква наклонетост кон педерлакот и естетичноста (особено кога се работи за естетичност од таков реакционерен вид).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Двата лика, кои власта ги привела бидејќи се опасност за општествениот поредок, се затворени во истата затворска ќелија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Штотуку седнале крај софра под свои покриви, суви и преслаби дури и на преслаб ветар да му се спротиват, власта ги потерала пред себе со кундаци и со камшици заедно со оние што патем ја напуштале дружината - ураганот на судбината не престанал да ги сотира.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не помогнал ни Онисифор Проказник ни другите по враќањето во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сопствениците, во најголем број поранешни италијански трговци, сопственици на бродови, ресторани, хотели, јавни куќи и мали индустриски фирми, народната власт ги развласти и ги протера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Да. Како во Средниот век. Кога ќе се насобереле многу луди во еден град, градските власти ги собирале на плоштадот, па народот си правел со нив нешто како циркуска претстава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа ги прогонувале од градот, затворајќи ги зад нив портите на бедемите.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
овие станбени области со ограничен пристап и класната, расната и културната исклучивост која тие ја носат со себе претставуваат директна закана за „поопштите идеи на граѓанска заедница, комшиска поврзаност и заемна поддршка“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
123 Приватизирајќи го јавниот простор, градските власти ги привилегираат правата на сопствениците на приватна сопственост на сметка на традиционалните граѓански права на слобода на говорот и слобода на здружување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ама нив власта ги бараше без козите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)