влада (имн.) - кој (имн.)

Единствено преставникот на Серскиот реон Л. Димитров, кој на Конгресот го пренел и ставот на Гоце Делчев и на Јане Сандански (Гоце, Јане и други најзаслужени работници на МРО не учествувале на Конгресот), се искажал против востанието - како неблаговремено - истакнувајќи го при тоа како аргумент и ставот на руската влада која била категорички против предизвикувањето на “нереди“ во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во однос на Југославија биле сосема сигурни, имајќи го предвид она што се случувало на теренот, дека "Тито, со сопствени сили и со наша поддршка, веројатно ќе се појави како водечка сила, го сакале ние тоа или не, како резултат на граѓанската војна против Србија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се случуваше токму во времето кога Монтескје во XVII век ги проповедаше своите идеи за топовите кои ги уништуваат топовите, за деспотските режими кои не можат да имаат фундаментални закони, за републиканската влада која во срцето го има народот, за облиците на издвоената власт (парламентарната, извршната и судската), ние во Османската Империја да го одржувавме во живот кадијата, исламскиот судија кој донесуваше одлуки во согласност со шеријатското право...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според нивните анализи "комунизмот во Романија не постои и преовладува антируското чувство", но сметале и дека ако Романците ги одбијат Советите, имало голема можност крајниот резултат за Романците да биде уште потежок, односно "да состават влада која ќе биде потчинета на Советската".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)