влада (имн.) - го (зам.)

За да одговориме на вашите факти вие треба да ни објасните до каде, имено, се простираат вашите етнографски граници на југ и кои места влегуваат во границите на вашата Стара Србија, зашто според нашите етнографски и географски знаења, фактите, кои вие ги набројувате, повеќе зборуваат во наша корист, т.е. не дека егзархијата ги изнасилува Србите за да го примат бугаризмот туку дека вие и вашата влада го правите тоа со бугарскиот елемент во Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А не да нè уценуваат за Свети Наум дека ќе ни го дадат, доколку нашата влада го потпише Лозанскиот договор дека ќе учествува во отплаќањето на турските долгови кои силите не можат да ги наплатат од Турција...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Охридска каза; дека истото село, според пописот на Охридската каза, било одредено од турската власт како дервеџинско село што го чувало патот што водел од Охрид, преку манастирот Свети Наум, за Горица (денешна Корча), за Арнавуд Белгради (денешен Берат) и за Авлија (денешна Валона); дека манастирот му плаќал данок на господарот на Охридската каза Џеладин-бег; дека во одобрението на Цариградската Порта за градење на нов храм, стои оти манастирот е во Охридска каза, дека иконата на свети Архангел Михајло што е подарена од Влашкиот кнез Александар Наруци во 18 век стои: „На манастирот Свети Наум, Охридска каза; дека и други управувачи на Влашко: А.Апсиланти, М.В.Сукул, и К.Мирузи, кои сметале дека нивната земја порано била под духовно раководство на Охридската архиепископија, му подарувале подароци на манастирот како светилиште на таа архиепископија; дека во минатиот век, во манастирот по разни поводи (на прошетка, на панаѓур или на одмор) навраќале австрискиот, грчкиот и рускиот конзул, кои во писмата до своите влади го опишувале значението на овој манастир давајќи податоци дека тој се наоѓа во Охридска каза, Битолски вилает и дека манастирот имал големо богатство со кое го издржувал училиштето во него, а ги помагал и другите училишта во Охрид.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На 12 јули 1993 во Скопје пристигна првата група од 260 американски војници која е придодадена на постојните сили на УНПРОФОР за Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 10 јуни 1993 македонската влада го прифати предлогот на владата на САД да испрати контигент од околу 300 американски војници во рамките на составот на мировните сили во Македонија, каде веќе беа распоредени 700 нордијски војници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бугарската влада го прифатила тоа барање и во втората половина на април 1941 година, во Македонија, Јужна Србија и на Косово, ја упатила својата Петта армија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секако дека реализацијата на договорот за окупација на делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија од страна на бугарските војски, било следено и од страна на американските дописници кои се наоѓале во Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од него триесеттите години од минатиот век италијанската влада го купи овој дел каде што сме сега ние.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
1955. Револуцијата го протерува Перон од земјата, а новата влада го поставува Борхес за директор на Националната библиотека; станува и член на Аргентинската академија за литература. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 225
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Доделена му е националната награда за литература.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1956. Поставен е за професор по англиска литература на Универзитетот во Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поради прогресивно слепило, поради што често се оперира, забрането му е да чита и пишува, па работите за него ги извршуваат мајка му или некој пријател.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)