вкус (имн.) - кој (зам.)

Раскажуваше приказни со сладок вкус кои ја топлеа душата кога од селска стана градска, а пееше како славеј една песна за гугутката што им ја остави во наследство, со аманет да ја пеат по слави и свадби.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А за мене претставува вистинско задоволство да ви испратам одовде некои миризби и вкусови кои, се надевам, ќе оживеат во вас убави спомени.* Ваша особено срдечно Елен Лејбовиц *Прилог: картичка со слика на поле лаванди на која пишува: СЛИКИ&СВЕТЛИНИ Прованса.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Или сами направивме каша- попара, со вкус кој изгледа им годи на повеќемина, а, за доправање, секој може да докапе оцет и сол, да ја замасти или забибери и да си ја дозачини.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го презираше повторувањето, принцип што се провлекуваше низ сите негови дела, зошто тоа е клуч за раѓањето на вкусот, и поради тоа лесно би можело да ја упропасти онаа апстрактна замисла каква што е концепцијата за редимејд, која треба да биде неоскверната и оддалечена од сферата на сегашните или идни теории и формули, „што се темелат на повторувањето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Освен тоа, вкусот кој е роден сам по себе зависи од набљудувачот: „Тогаш сфатив дека на гледачот, повеќе отколку на уметникот, уметноста му е дрога од навика, и затоа сакав да ги заштитам своите редимејди од тоа сквернавење“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)