вистина (имн.) - дека (сврз.)

Властите сѐ повеќе се помируваа со вистината дека Чанга сигурно некаде исчезнал.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали е вистина дека козите ги убиваат масовно, со шмајзери, со топови во другите републики?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Цел живот залудно се обидував да сфатам во што битно е осмислен животот, каде е и што е тој, и дури откако докрајчи патот ја осознав таа вистина дека тој е тука, точно во овие коски, кои гризејќи се сами себеси - го изгризаа и него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
— И не дочека Толе да си ја каже вистината дека, му се каснува и нему пиленце како што е таа, му се фрли на вратот и почна да го бакнува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Женските бакнежи го разнежија и неговото арамиско срце, и тој, место осуда, и ги врати бакнежите двојно и тројно и ја испрати да си оди во Старавина, но со строга наредба да не му ги плаќа на Мушона прстењето и локумите со својата младост, ами со петте лири што и ги даде тој. Ho Толе не беше секогаш во Старавина за да биде крај Марија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Животот и книгите ме учеа на вистината дека никој нема доволно моќ да го создаде правото, ниту да го наложи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мораше, конечно, да се соочи со вистината дека, без големиот Татков занес, што го попречуваа други, без неговите силни илузии дека некаде ќе заминеме, како некогаш, по кружниот пат на јагулите, во потрага по некој друг пат на враќањето, ние го губевме еланот за опстојување, надежта...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дали Таша, постапувајќи и кон мојата желба така како што постапуваше, беше водена токму од тоа разногласие на срцето и на умот, не се потрудив да откријам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа, дека понекогаш остануваат измамени во своите оценки не се должи на нивната лековерност туку на простата вистина дека жената многупати, да не речам најчесто, го следи гласот на своето срце, (а познато е дека срцето е гласник на желбата а не на разумот).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ете, погледнете што сторивме: се соочивме со вистината дека не умееме ни да ја засадиме а камоли да ја одгледаме таа наша голема, да не речам света билка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никако да ни тргне од рака таа тешка и мачна работа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Погледна во мене, вдиша од чадот, и праша: „Дали е вистина дека, откако си се опил, си се обидел да ја силуваш ученичката Луција П., на кејот на Вардар, во Велес, истиот ден кога беше изведена екскурзијата на училиштето во Стоби?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, кулминацијата (кај мене) настана кога ме прашаа дали е вистина дека сум сквернавел една стара народна песна, и дека кај еден пријател дома, сум пеел цела ноќ: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција, Луција курва убава“. Реков дека сум пеел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога дојде на третиот ден изгледаше малку поприбрано, но мене, на мојот пријателски поглед не можеше да му побегне од очите вистината дека сѐ уште не преболела.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Го зел со себе и го повел во царските дворови.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По долги години, еден од дворјаните, за да му се додвори на царот, му ја кажал вистината дека неговиот син е со чергарите, а тој што го има кај себе е од циганската черга.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Повеќето од прашаните одговарале дека сакаат полна кола со златници или пак ја барале златната царева кола.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Тогаш не е вистина дека си ти.“ „Што дека сум јас?“ „Ти не си оној што го уби Осиповото воле. И не му го грабна залакот на старецот Неделко Шијак.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сетив за светецот што боде со три запци чудовиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не е поголема вистина тоа што, во физиката, големите тела потешко се придвижуваат од помалите и што нивниот momentum7 е пропорционален на таа тешкотија, од вистината дека, во метафизиката, умовите со поголеми можности макар што се посилни, постабилни и повлијателни во своето дејствување од умовите со понизок ранг – сепак потешко се сподвижуваат, збркани и полни со колебање во првите неколку чекори од своето придвижување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можат да се приведат уште редици примери - што само би нè довело поблиску до сознавањето на вистината дека тешко може да се говори за влијанија во оние видови литератури што имаат идентично потекло и еднаква инспирација, што се ситуираат врз исти принципи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, Хаке, преку своите дела и проекти ни ја разоткрива и вистината дека истите тие корпорации се истовремено покровители на Кју-клукс-кланот, на националсоцијалистички групи и спонзори на производители на оружје (што се продава каде-не).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
XXVII Следејќи ја палестинската драма, по падот на бургибизмот во Картагина се соочував со сјајот и бедата на источните владетели во судирот со модерните времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од владеењето на Бургиба длабоко навлезен во деветата деценија на животот стануваше јасно дека тој не беше исклучок на вистината дека нема тиранин кој признава дека старее.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повторно се соочував со вистината дека има во суштината на животот душевни состојби, чувства, пред кои зборовите остануваат немоќни брани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ти офна од болка што ти е слатка затоа што доаѓа од мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да, така се офка кога конечно ќе се сфати вистината дека меѓу животот и смртта има само едно влакно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но во тој случај, како може да биде вистина дека О'Брајан е луд? Лудиот мора да е тој, Винстон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И понатаму беше вистина дека луѓето не се еднакви според вродените способности и дека функциите мора да се специјализираат така што едни единки би имале предност пред други; но сега не постоеше повеќе никаква вистинска потреба за класни разграничувања, или за големи разлики во богатството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби е вистина дека просечниот човек сега живее подобро отколку пред Револуцијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе може ли да ја прифати вистината дека и Хелвиг се откажа од неа?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Слушајќи го Игора Лозински првин за разминувањето на империите на фашизмот и сталинизмот, па потоа за природната историја на Езерото, во него зајакнуваше вистината дека всушност историјата на Балканот започнува таму каде што би требало да заврши!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Впрочем овој факт беше потврден и несомнен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Познато ви е тоа чувство на неодреденост но и на постанатост што ве обзема откако ќе втасате на целта: знаете дека морало да се случи она што се случило па сепак стоите изненадени дури и оџагарени пред вистината дека вашата замисла се обистинила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сѐ на сѐ мене ми преостануваше уште само да се соочам со вистината дека ѕвездите за жал не ми беа наклонети; дека, Катерина, дури и да не спие, и најлудо да тропам нема да слушне и нема да ми отвори поради она лудо ревење на добитокот од месарницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека тој веруваше оти ако зацапа во матната река на вистината дека ќе мора да се симне од својот коњ, дека ќе престане да го јава по оние далечини и пространства од кои ретко се враќаше.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, не смееме да оставиме празнина во времето кое безгрижно го трошевме на стигматизирани невистини и небитни луѓе, настани, моменти.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Застрашувачка е вистината дека еден ден сите ќе заминеме во заборав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дедо секогаш своето кажување за границата го почнуваше со вистината дека ние сме ти биле народ-граница.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но јоргованите со нивната раскошна миризба како да заминуваа пребрзо со водите на реката, потсетувајќи на вистината дека убавото брзо исчезнува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Освен ова се беше разбирливо. ама крајно и безпоговорно ја прифати вистината дека во тоа општество сите ќе бидат еднакви.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не би било воопшто страшно кога би ја напишал вистината дека твојата мајка заминува на работа подоцна од другите мајки, зашто по професија е новинар.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Па, не... јас само ѝ се јавив да ја прашам за совет (ме излажа дека тој ѝ се јавил, а не таа нему), и таа ми ја кажа вистината дека ти не ме сакаш затоа што сум дебел.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)