виор (имн.) - кој (зам.)

Во понеделник, во вторник, во среда, во четврток, без пајаците бидејќи сè уште чекав, бидејќи сè уште чекам на оваа клупа на станицата Шемен Вер со ова тефтерче во кое едната рака пишува за да измисли некое време што нема да биде исклучиво овој бескраен виор кој ме разнесува кон саботата, кога можеби сè ќе биде завршено, кога ќе се враќам сам чувствувајќи дека веќе се будат и почнуваат пак да грицкаат барајќи со своите разбеснети клешти нова игра, друга мари-Клод, други Паули, повторување по секој пораз, повторен канцерозен почеток.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Акварели за водата”, е наречена, 58 okno.mk иако во серијата има и неколку цртежи со перо: дваесетина студии на тој сеприсутен елемент во разни форми и расположенија, од траги дожд вжарени од сонце на прозорите на руралното атеље на Џоен до водениот виор кој беснееше на атлантскиот хоризонт блиску до нивната изнајмена викендичка.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)