виножито (имн.) - во (предл.)

- Проклета есен, - шепнеше и стариот Лентеноски, проклето лошо време, - испушташе една кратка, далечна насмевка, тоа како залутан зрак на небото во бура, тоа како виножито во пролет над полињата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Виножитото во црната сува земја го оддава присуството на светоста во природата, во праформа на животот – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Проклет да бидам, стариот Лентеноски имаше виножито во очите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во таа соба се случуваа настаните врзани за виолетовата боја од виножитото во водите на Тиса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Обид Се обидувам да ги наредам боите на виножитото во твоите очи... наутро жолтата да ме буди како сонцето, напладне црвената да ми дава живост, попладне зелената да ми го смирува уморот, а навечер сината да ме потсетува на залезот во синилата на морето, да можам спокојно да заспијам...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
* На маслото истури му платно, импрегнирај го мозокот, обои го твоето сеќавање! На изложбата (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го виножитото во левиот џеб од панталоните.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)