вино (имн.) - го (зам.)

Сега сум болен, ќе ми свари ли мајка ти млеко засирено со јако пиво или вино, и малку повеќе мирудии? Може и само со бибер. Виното го носам со себе“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Врелината на коњската крв прегреана од вино го шибнала со камшик му ја вратила свеста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Виното беше лесно и освежително, го точеа во студената визба, бокал по бокал, виното го точеа штом бокалите ќе се испразнеа, а тој процес се повторуваше често.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Променетите неколку локали и испиените чаши тешко црвено вино го направија своето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отец Серафим првин виното го гледа по боја: ја држи озвесно време чашата пред очите, потоа го помирисува виното, па го вкусува држејќи ја голтката и шетајќи ја низ устата, потоа ќе ја голтне, ќе постои малку како да фаќа некакви тајни сигнали и пораки од него, проверува каков траг му остава во грлото - и ќе каже какво е: одлично, ногу добро, средно, 'рѓосано, лошо; и како секој доктор, веднаш кажува одошто е такво и што треба да се стори, како да се лечи за да оздрави, да се спаси, или да се подобри.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Да порачаме уште. Виното го донесе сега млада жена, таа што ја чу Кочо да зборува зад преграда. Таа одеше лесно и насмеано.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)