вик (имн.) - во (предл.)

Малку се сепна од него, но сепак го пушти да излегува, продолжувајќи да останува онака отпуштен и дури после, откако замолкна, беше свесен дека она беше само уште еден вик во Белата Долина, сличен на сите оние завивања надвор, сеедно што беше тоа негов глас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ле - лех, мори сестри - беше рекла едната на другите - бегање не пери нам, друго ништо!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Отрчало момчето во пештерата од самовилите и даа вик во пештерата, се уплашиле децата и сите в оган беа се врлиле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)