вид (имн.) - разголување (имн.)

Си замина и многу осознаени но нерасветлени поединости однесе со себе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и градот што беше спомнат како нејзино родно место таа тврдеше дека е измислен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но кога ја прашав од кои причини ги криеме начините на кои општиме со своите спомени таа отворено ми наговести дека искреноста е еден вид разголување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали навистина мислеше така или искористи само уште еден од изговорите што умешно ги поставуваше како најприродни пречки помеѓу моето љубопитство и нејзините недопирливи тајни?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)