вид (имн.) - дневник (имн.)

Од 1911 до 1940 зимите ги минува во Берлин, го црта и слика градскиот полусвет; почнува да црта на јапонска хартија. 1913-15 како цртач во една експедиција по Јужното море патува низ Русија, Сибир, Кореја, Нова Гвинеја и води еден вид дневник во цртежи, акварели и масла.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Записите, некаков вид дневник / извештај за секој поминат ден (беше моја задача тоа да го регистрирам) останаа во една пожолтена тетратка, што секако при трансформации на планинарската организација - не била сочувана, како и многу друг архивски материјали - документација од тоа далечно време.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сигурно ѝ беа некој вид дневник.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)