вечна (имн.) - љубов (имн.)

Не сакам да заборавам, целиот живот ќе се сеќавам на една бела зимска ноќ, на хармонијата и виртуозната слобода на снежните кристали, кога се заколнавме на вечна љубов која ќе трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секој допир е инхерентно сплотување на душите, несебично давање дел од најдрагоценото, дел од себеси, збогатување на радоста, разбирање на тагата, ритуал на взаемна егзистенција.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во овие денови на одвоеност, во тие силни моменти и свети спомени барам утеха за нашата страсна, опојна, вечна љубов која ќе остане засекогаш таква.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мојот живот е потрага по вечна љубов иако знам дека еден ден сѐ ќе заврши, сѐ ќе се изгуби без трага во движењето на материјата и времето ќе застане, но знам дека каде и да сум еден ангел Серафим (ангел од највисок ред со три чифра крила) е секогаш на моето рамо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не згрешивме, ќе трае засекогаш, во најинтимните и најскриените делови на нашите срца, чувана од секаква нечистотија што ја носи овој проклет живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тие нешта беа во мене повеќе од мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа и оној кон кого беше упатена љубовта од оној кој љубеше беше воздигнуван како небесно суштество, а така се потиснуваше во себе она што беше сметано за животинско.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас заборавав на себе: чекорев по улиците, ги минував мостовите, се загледував во реката, понекогаш го кревав погледот кон небото, седев на некоја клупа, навечер се будев и гледав во мракот; сето тоа го правев јас, но мене ме немаше, а Рајнер беше секогаш тука – помислата дека на една млада жена ѝ ги шепоти зборовите на нежност, претставата за нивните тела како се соединуваат, претпоставувањето на нивната иднина, онаа иднина за која некогаш мечтаевме Рајнер и јас – за вечна љубов, семејство и дом во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)