вечер (имн.) - го (зам.)

„Јас секоја вечер го препишувам словото што е запишано на неа, и секојпат поинаку изгледа словото што го препишувам, со нови значења, и смисла нова добива.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Џинот беше тој што секоја вечер го фрлаше во зашеметеност и џинот беше тој што секое утро го оживуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние, децата, таа вечер го добивме најголемиот бакшиш од непознатиот играч Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секоја вечер го чекав будна. Не поради некои сомневања во врска со неговото лично поведение.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)