вети (имн.) - дека (сврз.)

А ти, ако стане за потреба, ќе му дадеш и ветување дека лично ти ќе пазиш да не му се случи ништо лошо на наш синор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Душан Пленча, 157-183. 26 Auty Ph. and Clogg R., ed., British policy towards wartime resistance in Yugoslavia an Greece. London 1975,60. 27 Elizabeth Barker, Op.cit., 45. 28 F.V.Dikin, Bojovna planina. Nolit, Beograd 1973, 158; Kljakovic Vojmir, Velika Britanija, Sovjetski Savez i ustanak i Jugoslaviji 1941 godine. VIG, 2,1970,72 29 На 1 ноември 1941 година четниците ги нападнале партизаните во Ужице со што го прекршиле даденото ветување дека нема да ги напаѓаат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И Татко и Камилски не можеа да се сложат се тезата произлезена од балканската литература на времето, која имаше влијание врз институциите на идните времиња, во врска со терминот на курбанот дека постојат два света помеѓу коишто нема и не може да има вистински допир, ни можност за разбирање, два страшни света осудени на вечна војна во илјада облици..., потоа еуфемизмот на пеколната неслога, повикот на незапирлива борба со ветување дека курбанот, односно прекрасните жртви ќе бидат залог за поубав живот на некои далечни поколенија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И додека настојуваа што побргу да се вразуми терајќи го да го полни воздухот во собата со каење и ветување дека ќе се поправи, дека ќе се измени, дедо му Аврам држеше до своето дека детето треба да се пушти на мира, да расудува со свој ум, да гледа со своите очи; во секое доба од животот да мисли онака како што му наложува тоа доба, зашто нема враќање назад.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Многу ја мразев во тие моменти и си дадов ветување дека ако еден ден пишувам книга, ќе ја споменам и „злобницата“ во неа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ангелеска de facto беше принудена, под присила, да се потпише дека ги примила тие средства, со ветување дека тие отпремнини нејзе и на останатите работници ќе им бидат исплатени подоцна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Меѓутоа, договорените рокови за исплата на испратнината беа пробиени и таа не го доби паричниот надомест што ѝ следуваше како „отпремнина“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Односот на директорите по ова прашање е веќе виден.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А ако во работната книшка2 не беше заведен овој неколкумесечен период како работен стаж, работничката нема да можеше да биде пријавена во тогашниот Завод за вработување (денешната АВРМ) и да ги ужива правата кои и следуваат по основ на привремена невработеност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, и после истекот на овој новоутврден рок за исплата, таа пак е изиграна и повторно не ги добива неисплатените плати и отпремнината. 274 Сепак, Костадиновска сè уште верува дека спорот може вонсудски да биде решен, па после одржан нов состанок со директорите, добива ново ветување дека во новодоговорениот рок, конечно, средствата ќе ѝ бидат исплатени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Основната британска грижа произлегувала од стравот да не дојде до формирањето на "една голема Македонија на сметка на Грција", а тоа да излезе од контролата на Јосип Броз Тито, и покрај неговите ветувања дека "судбината" на Македонија ќе се реши на мировна конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британскиот политички естаблишмент единствената солуција за Македонија по војната ја гледал во формирањето на "една држава како федерална единица во идната федеративна Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јас излегував од неговиот дом, а дел од мене остануваше таму, како сенка на подот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми одново почна да ми ги кажува зборовите кои беа врежани во моите први сеќавања, а кои долго ги имаше заборавено: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа пак одев кај Рајнер, а таму ме дочекуваше неговото студенило, и потсетувањето на моето ветување дека никогаш повторно нема да дојдам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога мама го раскинуваше неговиот лик, почувствував дека не ми го уништува само единствениот опиплив спомен од него, и не само единственото нешто преку кое се потсетував на неговиот лик, па оттогаш натаму неговата коса, неговите очи, неговиот лик, беа само нејасно сеќавање; јас во тој миг почувствував дека таа со тоа раскинување го уништуваше и она ветување дека разделбата не е вечна. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној лист хартија со ликот на Рајнер за мене беше присуство во отсуството, знак и ветување дека разделбата не е засекогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една недела подоцна на вратата се појави полицаец со вест дека е пронајдена само каросеријата на автомобилот на една споредна улица во Кадиза, двесте километри од местото на коешто го оставила Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беше среќа за којашто човек може само да сонува, сè до тој викенд кога Марија го изнајми автомобилот и тргна да ги посети своите роднини во Сарагоса, со ветување дека ќе се врати до понеделник во седум часот навечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)