веројатност (имн.) - дека (сврз.)

И она што е можеби најважно за концептот на социјалната архитектура, постои голема веројатност дека кај учесниците во изградбата ќе дојде до идентификација.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие три збора во еден момент Круме Волнаровски ги продолжи во „така сакаше Шефот“ (или така можеби мене ми се причини), но веројатноста дека јас тоа навистина го слушнав беше голема затоа што често, во отсуство на цврст факт во кажувањето (си го толкувам тоа како професионална деформација) ние го спомнувавме Шефот непосредно слушнат во наложувањето на обврските, иако никој од нас не можеше да биде блиску до него, а уште помалку близок со него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Навистина, голема беше веројатноста дека ќе беше така. Тоа го дознав утрото.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Промените ги засегаат и работниците, преку намалување на веројатноста дека ќе добијат надоместоци за храна и превоз и преку намалувањето на износот на нивните идни пензии, а посредно и преку намалувањето на приходите на Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување по основа на придонеси од задолжителното социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)