векна (имн.) - леб (имн.)

Без жедта цветовите не постојат. Размислував за неговиот спокојно одржуван чекор, за неговото задоволување со малку среќа, со парите што ги заработуваше да ги купи последните топли векни леб од фурната на патот и да го заокружи уште ден среќно минат ден во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој постапил според наследената ука, а јас, се сеќаваш ли, кога ти еднаш се пожали дека ти е многу лошо, и кога јас требаше итно нешто да сторам, првото што го сторив беше: извадив векна леб и ти ја подадов! Зошто? Зошто векна леб?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На него се сеќаваа единствено гладните скитници и бездомници, кои секој ден пред изгрејсонце пред неговата зграда наоѓаа три векни леб.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А ова е една векна леб... вистински бел леб, не она ѓубре што го јадеме... и мало тегличе со џем.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)