бут (имн.) - и (сврз.)

Го покривам бутот и се враќам кај Ѕвездана. Ми е страв и него да не го наплуваат муви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стиснат така одзади, како токмак во обрачи, Грдан зјапаше во прозорецот што гледаше во кубето небо од осветлениот град и се обидуваше да си ги замисли низ ношницата нејзините гради, нејзините бутови и нејзините колена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секој прегризан бут и секое распарано уво е секоја капка крвава пена од пијаните челусти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Клекна и откри дека може да се исправи сам во стоечка позиција со ужасни болки во бутовите и во листовите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас отрчав во ќеварот и ги изнесов бутот и телето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)