бура (имн.) - ги (зам.)

Не го најдовме „нашиот“ стадион. Не ја најдовме и големата нива каде по една голема дождовна бура ги собиравме налегнатите и неожнеани класови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Силината на неговата бура ги плашеше морските бури!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Мирен е во бескрајот песочниот океан, но понекогаш бура ги крева правливите бранови и во нив Едип еден ден исчезна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)