булук (имн.) - овца (имн.)

Ако им се доближат и одеднаш да им проговорат ќе биде како волк во булук овци да влегол.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој го виде во својата фантазија тој негибнат крај Мариово. My излегоа пред очи богатите села и селани домаќини, кои имаат полни ќесиња пари, булуци овци, сурии говеда, ергелиња коњи и наеднаш си претстави како сето тоа по пет-шест дена ќе биде негово и тој ќе стане најбогат човек не само во прилепската нахија, ами и во целиот битолски санџак, бидејќи целото тоа богатство ќе им го земе на селаните и нив ќе ги подјари да работат за него, да му робуваат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дури тогаш отаде на ридот го забележавме булукот овци на Ничевци; Јошко ни свиреше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Утредента по Благовец со секој булук овци бевме двојно овчари.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таман припна горештината, по пресопта; ги фрлија сакмите под леските на лево и десно од локвите, наизлегоа булуци овци, брави, шилежиња и курдисаа да пладнуваат и тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од срецелото натаму на југ патот одново го поприма својот поранешен изглед, повторно станува широк колку да можат да се разминат две воловски коли натоварени со снопје или со сено, или булук овци, кревајќи по себе пепелници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)