буква (имн.) - во (предл.)

Токму во тој период доаѓа до појава на „двојното алфабетско писмо” - комбинација на големи и мали букви во еден систем.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Подоцна станала основа за латиничните букви во печатарскиот слог.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со време, од неа се развиле курзивните букви во печатарскиот слог.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На осамените срца госпоѓа Мариела им предочи шема (на таблата со креда испишуваше букви во квадрати и стрелки, а слушателите на нејзиното предавање тоа внимателно го внесуваа во своите компјутери) според која: ако лицето А е иницијатор за следење на лицето Б, а лицето В ја одобрува постапката за чии резултати треба да донесе одлука лицето Г врз основа на анализа под раководство на лицето Д, постои можноста за целни субјекти, покрај лицето Б, во истата постапка да бидат и лицата Ѓ, Е, Ж и З, блиски, условно земено, на лицето А по роднинаска, љубовна, деловна, клановска итн. линија, но со самиот факт дека не може да се апстрахира ниту една друга релација меѓу сите субјекти од А до З, не е исклучена можноста резултатот на анализата да покаже цел регистар на варијанти, со крајна консеквенца - обратен процес, со што целата постапка се релативизира.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тука се заштитени како на некој саем на модели или како во преградите за букви во слагарната на некоја печатница.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во неговата отровна, клеветничка уста, во таа одаја во која ме измачуваше со укори, мојата кроткост стануваше – слабост, мојата благоразумност – плашливост, а мојата отвореност (како кога му реков дека му недостигаат букви во писмото) стануваше – нескромност и дрскост.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И се подредиле коските- букви во низа, што изгледала вака, а гласот му рекол: пишувај она што ќе ти го кажат коските на таткото твој: Жн мј, чш мј, пррквј ддк м ѕвзд.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во корубата беше направена една стрелка на патоказ, а под неа со несмасни букви во поцрвенетото дрво, стоеше: „ПАТ ЗА ИДРИЗОВО“.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кара­џиќ, кој вметнува дополнителни букви во системот на дотогашната српска азбука, имено, ‘Ћ’ и ‘Ђ’ за токму српските фонеми, со што се дооформи српската кирилица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во Србија, ваквото подредување на писмото е сврзано со името на В.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овој доста скратен приказ на модерното прекодирање на букви во броеви заедно со неговите последици и прекодирањето на процесуалната, историската и просветителската свест во една формална, калкулативна и аналитичка свест, секако ни од далеку не е доволен за да можеме навистина да ги сфатиме денешните алтернативни светови, настанати во компјутерите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа беше напишано со големи букви во нејзините очи и тоа јасно го прочита иако не беше писмен за обично писмо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А: Невозможно! Па нели имињата на нотите се само од A до G !
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Патем, знаевте ли Ахиле дека секоја од четирите букви во името на ВАСН е и име на една нота.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Скратениот приказ на модерното прекодирање на букви во бројки и на процесуалната, историска и расветлувачка свест во формална, калкулативна и аналитичка, се разбира дека не е доволен за да се разберат денешните алтернативни светови.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)