буква (имн.) - се (зам.)

Со нагласени големи букви се изнесува и еден податок на Волтер од неговото време: „Религијата го чини човештвото седумнаесет милиони човечки жртви, еден милион секоја година!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од светлосната топлина на ламбата, меѓу печатените букви се покажаа други ракописни букви.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Некои букви се оформени според латинични букви, но без нивната фонетска вредност; други се потполно измислени, под општо влијание на етиопското писмо.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Можеби преписот од букви бил сочинет, но штом бил пренесен од исток на запад, под светилна инаква од онаа во која е роден, буквите се преобразиле во бројки.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа анка е додаток на многу македонски имиња, но ако пак зборот трај му се одземе првата буква се доаѓаше до зборот рај!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Исти како грчките букви се и овие: А, Б, Г, Д, є, З, И, Т, Ї, К, Л, М, Н, Ѕ, О, П, Р, С, Ѿ, Ѵ, Х, Ш, Т, Ф.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Гие се издаваа за комити, кои штотуку слегле од планината.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Затоа словенските букви се посвети и подостојни за почит, зошто свет маж ги створил, а грчките, пак, букви многубошци.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)