буица (имн.) - брз (прид.)

Песна со чувства живи, потоци брзи низ котлини белосиви, потрага по зборови некажани тешки, вплетени во буици брзи кои создаваат песни, лавина од чувства во неколку минути живот создава, љубов дава, јас повторно се раѓам, тоа душата ново раѓање слави.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)