број (имн.) - луѓе (имн.)

Во Европа, сѐ поголем број луѓе се приведуваат секоја година за трговија со кет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како да сакаат да се вклопат во општото расположение, ракетните бомби сега убиваа поголем број луѓе од обично.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, во физичка смисла војната сега ангажира многу мал број луѓе, претежно високо истренирани специјалисти и предизвикува споредбено помалку жртви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, мал број луѓе воопшто пишуваа писма.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таканареченото „ укинување на приватната сопственост“, до кое дојде во средината на векот, значеше всушност концентрација на сопственоста во рацете на уште помал број луѓе отколку порано: но со таа разлика што новите сопственици беа група, наместо маса поединци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А во исто време имало мал број луѓе, само неколку илјади - ги нарекувале капиталисти - кои биле богати и моќни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вистина, постојат базени за капење, но тие можат да примат само ограничен број луѓе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еден број луѓе, како секогаш, беа собрани во малата просторија и бистреа политика.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За телепатијата би прокоментирала дека е една од поестетските функции на мозокот до кои само мал број луѓе продреле.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но не, тоа не е разговор за денес! Внатре, на клупите покрај ѕидовите седеа приличен број луѓе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изгледа дошле по карпестата патека по која дојдов и јас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како што призна државниот пратеник, Валде Гарсија (републиканец, Округ Клинтон), предлагач на измените, самиот предлог во голема мера бил симболичен гест: „Не мислам дека треба да ги трошиме парите на даночните обврзници за предмети во кои луѓето ќе се подучуваат како да го кршат законот“, нагласи, додавајќи дека „хомосексуалноста, сепак, е незаконска и ги навредува длабоко втемелените верски убедувања на голем број луѓе“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сѐ уште сте против идејата музиката да се употреби како преносник на идеи и...  К: Не ми се допаѓа таквата употреба на музиката, како што не ми се допаѓа ниту употребата на уметноста во рекламните огласи... тоа е став за музиката кој потсеќа на Авенијата Медисон...  Б: Можеби, но можеби може... да речеме дека музиката е нешто што ги интересира поголем број луѓе и таа може да влијае на нив.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
44 Неодамнешните примери на големи проблеми со лица без државјанство ја вклучуваат Република Чешка, каде голем број луѓе, особено Роми, повеќето родени на словачка територија или потомци на лица родени во Словачка, беа практично лишени од чешко државјанство поради ограничувачката законска регулатива за државјанство и големите административни давачки по одделувањето од Словачка; Украина, кога по 1988 година околу 260.000 Татари кои биле депортирани за на ангажман на УНХЦР во проблемот на бездржавјанството беше ограничен, а во некои случаи и непостоечки“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)