број (имн.) - заемка (имн.)

Многу називи за познатите ориентални слатки и денес се употребуваат во балканските јазици, коишто не престануваат да се приготвуваат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Приличен број заемки од персискиот јазик се називи на цвеќиња: ѓул, зумбул, јасмин, јоргован, лале, менекѓе, селвија, шебој, шишмир, потоа неколку зборови во врска со нив како: бостан, карпуз, лимон, наранџа, патлиџан, урма, ѓефтелија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Покрај називите за варени јадења, односно манџите, Камилски се задржа и на големиот број заемки што означуваат разни солени, печени и пржени јадења од тесто, како на пример: универзалната пита (преку грчкото pide), потоа неколкуте заемки за означување разни видови печиво, како на пример: бурек (од турски börek): симид (од арапски simid), ѓеврек (од турски gevrek).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)