брод (имн.) - ќе (чест.)

Бродот ќе ни ја одложи смртната казна. До ново известие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во текот на војната бродот ќе стане помошен крстосувач на италјанската воена морнарица, а по капитулацијата на Италија бродот во Трст ќе го преземат Германците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
При тој избор се тргнувало од претпоставка дека уништувањето на францускиот брод ќе предизвика најповолен ефект од било кој друг.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но мораше да продолжи мисијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првин бродот бил изграден со специјална намена да превезува банани за една италјанска фирма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Централата во Белград и натаму се веруваше дека пијаниот брод ќе го најде своето мирно пристаниште.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)