бреза (имн.) - сам (прид.)

Меѓу два рида Два облака Три молњи Три пламен коњи... небо Небо: Преобразена Светлина Од очите На Мајка. бреза Постои една бреза Една бреза сама Ветрот што ја дува Штом поминам Под таа бреза Брезата потпевнува Потоа Полудува. брест Ни трошка Прошка За него Свиткан На брегот. светлина Ме касна помнам Во длабок сон Тој лач, тој зрач Од белината Во сонот, помнам Среде сјајно поле Станав толку болен Од светлината. ја гаснам ламбата Ја гаснам ламбата.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)