брег (имн.) - ќе (чест.)

Ако го снема меѓу бреговиве ќе потечеме по планињено.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Според планот на домаќините се смета дека некаде околу 1980 година, јужниот брег ќе биде исполнет со шатори и кампинзи, со големи летувалишни комплекси какви што има на „Златните песоци“ и на „Сончевиот брег“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ако те разјадат некојпат забиве мои на брег ќе те фрлам зошто си си?
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Преминувавме преку еден мост за да одиме на риба и тој ужасно ме плашеше, помислата дека возот ќе пристигне секој момент. Имав ноќни мори поради тоа. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 175
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе се фрлиш за прв пат главечки, ќе пливаш само за себе butterfly, ќе плуташ, ќе нуркаш оддалеченоста од брегот ќе ја одмеруваш по пробивот на сонцето, ако го има по работата на срцето по подноктиците перките и алгите по трагите од морските пци ќе ја унапредуваш техниката отскок на површината во последен миг неверна кон сѐ кон животот посебно: ќе палиш огин и ќе голташ жар и пепел во ждрелата на оние кои во тебе гледаат неидентифициран плод, увод во гревот зашто другите, одбраните, некаде далеку ѕемнат во истите ноќи, подоткриени јазикот го вадат од мрзеливи легални усни и скришум ги бришат своите благоглаголливи:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби некоја рибарска недела кога детето е крстено Ластавица или Тигар и ќе падне од нејзините раце, некој на некој далечен брег ќе погледне и ќе рече дека го видел ненадејното издигнување на еден бог. превод: Зоја Наскова-Барт Паганска ноќ ја напишав за време на второто од трите последователни лета што ги поминав крај реката Снејк во Ајдахо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гратчето беше лирско и чудно, земјоделско местенце со необични ефекти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)