брег (имн.) - бев (гл.)

Брегот беше низок, без трева, по него шеташе ветрот, на полето жените копаа во земјата, покрај малото пристаниште трите нејасни фигури ги криеја брадите во јаките, наведнати од ветрот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Знаев дека воздухот е отруен со иперит (и жабите се покриваа со пликови), додека многуте умирања на брегот беа предвидени како едно, мое.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаев дека воздухот е отруен со иперит (и жабите се покриваа со плускавци), додека многуте умирања на брегот беа предвидени како едно, мое.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А оној кој ме селеше, тој страшно умираше, не го пушташе никако, можеби дека црквата ја сруши, а и воопшто... Човекот климна.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го паметам по трите високи тополи што растеа крај рекичката над чиј брег беше големата црква Свети Димитрија и до неа – карпата од чии дамари течеше бистра вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но на другиот брег беа засекогаш исчезнати Евреите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)