братучед (имн.) - му (зам.)

— Па добро, кад ти хоќеш шуму онда буди шумар у твојој шуми, — му одговори началникот и му стави во задача сега пак тој да ги брка комитите во таа иста шума, во која него толку години го бркаа мулазимот, Рашид чауш и Шарен Мустафа, а во последно време братучед му Бино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајко отаде по нункото, а девер ќе биде братучед му Јован.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога братучед му застана, застана и тој да гледа што ќе се случива.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Му олесна, и сеќавајќи се дека братучед му Шишман со камче погодува гуштер в око, беше сигурен дека е тоа неговиот одговор.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но тоа предизвика нов спор со братучед му Китан.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Братучед му добро го познаваше местото – самоуверено влезе и седна на една празна маса во темно и зачадено сепаре во левиот агол.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Евтина светкава дискотопка се вртеше во средината на салата, а кога очите му се навикнаа на темнината, тој виде дека местото е полно со мажи, сите седнати по двајца-тројца во сепареа слични на нивните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа лето, братучед му дојде од Германија по цели пет години минати таму.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога по погребот на братучед му Висар, го спроведоа во касарната, му го отпишаа животот и го префрлија на специјална задача: да вади неексплодирани мини и гранати.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Братучед му Трајан Блосоениот идеше почесто поднапиен и со пиштолот в рака вртеше околу куќата и бавчите и викаше: „Излези, Зенула, излези, мамето твое...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нема веќе собирања ни кај Нанчо, со одајчињата владееле некои непознати. Братучедот му ја кажа вистината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
", раскажуваше Герман, братучед му на Методија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)