братучед (имн.) - го (зам.)

Братучедите го искористија моментот и јурнаа кон него со кренати раце повторувајќи: - Се предаваме! Се предаваме! ...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А може веќе се случило и она најстрашното. Можеби веќе го нема.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа значи дека и Игор Николајевич, мојот најмил братучед го зафатила фортуната на ЧЕКА.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Што е? – прашуваа Французите по француски. Што е? Братучедите го разбраа прашањето, но беа толку занемени што не можеа да се сетат на ниеден мајчин збор.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)