брак (имн.) - во (предл.)

Така поминуваа години во кои Бенвесниста беше далдисана во исчекувањето на синот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со текот на годините мајка му се повлече дома, се зафати да се грижи уште повеќе за помалиот син, но овој, несвикнат на работа, брзо се даде по ашикување и уште побрзо се ожени со некоја унгарска монденка во новиот темен костум на риги што му го соши брат му за „велика матура” склучувајќи, како што слушнаа од добри луѓе кои доаѓаа од Преку8, граѓански брак во некоја од општините преку Сава.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Моите познаници Мајкл и Кори (хомосексуален пар што стапи во брак во текот на краткиот либерте-егалите период на Вајмарската Република Калифорнија) ми наведоа само некои од правата што им се ускратени со изгласувањето на Осмата седница, односно Пропозиција: Доколку има врска со странски државјанин, хомосексуалецот не може на својот партнер да му обезбеди легален престој во Америка - што на хетеросексуалците им е дозволено доколку стапат во брак.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)