брак (имн.) - бев (гл.)

Впрочем, тој брак беше сосема логичен и очекуван, но јас и ден-денес не можам да се ослободам од чувството дека во тој брак влеговме, и јас и Земанек, само за да немаме грижа на совест по однос на Јан.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мојот прв брак беше чиста загуба, но од него чисти ми останаа некои драги спомени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Софи јас бев женет, во брак бев многу кратко време... .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Единствената призната цел на бракот беше раѓање деца за служба во Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На Рена уште порано ѝ се допаѓаше Јаков, кого често го гледаше, онака стасит, со широки рамена и убав лик, постојано завјасан низ сокаците на Ла Калежѐ, сиромашното битолско маало во кое живеа и двете семејства, така што предлогот на татко ѝ да се мажи за синот единец на Шабтај метларот, Рена го прими со искрено одобрување и покрај ниската класа на неговиот занает.  Во брак беа веќе петта година.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Единствено што мораше да истрпи во бракот беше правењето ручек 2-3 пати неделно, пеглањето алишта и 30-те килограми вишок од Ратка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)