борина (имн.) - и (сврз.)

На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илко распали борина и встрча напред да не влезат луѓето в темница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Знам, синко, знам, ама... - почна мајка му поблаго - ми е жал за тебе. Туку ела, земи ја боринава и посвети ми.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Клава борина и повеќе отколку што треба, куќата ласна и сѐ појасно и појасно го осветлуваше Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Запали една иверка борина и излезе пред колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стојан запали борина и го исправи светелникот под оган.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште од вратата ги фати чадот од борината и боровите дрва и почнаа да си ги бришат очите, небарем се сетија за сите свои блиски и далечни покојници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)