борба (имн.) - сѐ (прил.)

Борбата сѐ повеќе се разгоруваше и колку повеќе се разгоруваше толку повеќе се оддолжуваше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Викањето на сеирџиите и трештењето на зурлите и на тапанот стана толку гласно, што се чинеше го оглушија просторот дури догоре, до небесата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Почнувајќи од 25 април 1944 година, по успешниот напад на Кратово, единиците на НОВ од 30 април воделе непрекинати тешки борби сѐ до 13 мај 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Одвреме навреме и ветрот донесува засилен пукот, по кој дознавме дека борбата сѐ уште се води.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)