борба (имн.) - бев (гл.)

Најнапред таа борба беше на хартија: Србите докажуваа со громки и плитки фрази оти тие имаат поголемо право над Македонија од Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поради сите тие причини, а најглавно затоа што Македонците за своето ослободување од грчкиот патрик и од Турција до последната руско-турска војна работеа заедно со Бугарите под името Бугари, а местата за таа борба беа околу Бугарија, т.е. во Стамбул, Влашко, Југозападна Русија и Србија, кои (места) помагаа во ослободителната работа најмногу да бидат застапени Бугарите, – помогнаа да се објави источното бугарско наречје за литературен јазик на Бугарите и Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Борбата беше и е очајна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но беше во ред, сѐ беше во ред, борбата беше завршена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние навистина јадевме и пиевме од тоа што го имавме, ама борбата беше таа без која ни животот не можеше да ни биде таков каков што ни беше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На прагот и во текот на Втората светска војна, условите за национално-револуционерна борба беа видоизменети.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од историската сцена ги снема ВМРО-автономистичка и ВМРО (Обединета), но идејата патеводител за формирање на самостојна, обединета и суверена македонска држава ги водеше новите генерации.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Европските кабинети, коишто, евентуално, би се замешале ако борбата беше го зачувале карактерот на востание, какви што историјата познава, не можат да ја земат страната на динамитарите коишто системно уриваат“167.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Крајот на борбата беше јасен и на Бојана, срцето му се цепеше, но не се решаваше да се стрча удолу, да им помогне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Тогаш – продолжи Исмет – имав дваесет години и таа борба беше моето борбено крштевање.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)