бор (имн.) - и (сврз.)

Мартинките на двајцата светеа на утрешното сонце кое тукушто се пробиваше преку гранките на борјето и ја гонеше седата покривка од нивните „коси".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И над сето тоа наш рој од желби: пламењето од сите ридишта ветрот да ги наведнува во поклон и врз вдлабнатите гробови крстовите од црн бор и бела бреза да болскаат во пурпур, а пламењето на Грамос да имаат круни и секој од гробовите да има лик на крал...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Погледот никаде не стасува подалеку од стрмните ридови, а дозволениот простор за движење го обележуваат сенките на боровите и бреговите на двете рекички.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дождот сѐ повеќе ја пробива короната на борот и сѐ повеќе го натопува Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Понекогаш му се чини како сите денови од понеделник до недела да се слеани во еден: станување, миење, пиење кафе, појадување, одење во градината, подработување во неа или седнување под борот и втонување во албумот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Знам од книгите за него, дека и тој копнеел по едно парче земја во поодминатите години, императорот кој создал закони и на граѓаните им дарувал милост, сакал да се повини на копнеж стар, дури телото сѐ уште му слугува, да се врати во познат предел со песок на ритчињата, со хумус под сенките на боровите и да го чува парчето земја како што го чуваат селаните своето, ако треба со секира.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се слушна топот на коњски нозе - од другата страна на полјанката се подраширија гранките на елките и боровите и од нив излегоа тројца коњаници вооружени до заби со пушки, пиштоли и остри ножеви.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Цело време нѐ придружуваше само тишина и шумолење на ветерот меѓу дебелите стебла на боровите и буките олишени од авионски, топовски и минофрлачки гранати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татковците тогаш ги беа собрале и копаа ровови и сечеа дабови, буки и борови и градеа бункери.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)