бор (имн.) - шишарка (имн.)

И самите си се тешат дека е поарно да сечеш борови Отколку да имаш за јадење само борови шишарки Со време и тие ќе почнат да јадат корнфлекс без шеќер И од пулипапоци ќе станат страствени пулачи На жени со долги нозе и големи цицки Колку повеќе пулеа во такви жени Толку повеќе забораваа во стар крај само недомаќини седат на туѓа софра И никако не можеа да разберат зошто во стар крај Сите сакаат Forster beer а тие тука сал туку пекаат по скопско и се е можно Како што е можно понекогаш да се задоцни со спуштањето на гаќите При празнењето на бешиката и на дебелото црево Што во Македонија и во цел свет се смета за голем резил Тадури и луѓето во американскиот Пентагон За кои е познато дека не се потресуваат многу од физиолошки слабости
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)