болка (имн.) - од (предл.)

Јас сум вдовицата која над челадта свои бдее, па ни коп ме плаши ни болка од кобта, ни пустински ѕвер...та и тој ако ме проголта, жива ќе излезам од него, ке го распарчам одвнатре, децата да си ги спасам...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мене ми е битно: Дали ти можеш да ги заборавиш очајот и болката од досегашниот живот?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако ноќва, ни облогот со ракија што Хорацио така внимателно ми го подготви, не може да ја спречи болката од расечената аркада.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Значи, да бидеме подготвени, силни, ако за тоа има можности да и се спротивставиме или барем да се обидеме да ги ублажиме болките од лошите писанија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сепак, тој измислил, направил нешто што можеби ќе ја згрижи неговата чувствителна природа, ќе го победи стравот од непознатото, ќе му ја ублажи болката од неможноста да се сообрази со драмскиот агон.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Покрај болката од чедото, мајката ја заборава својата болка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Бегај, малечок предавнику, не бутај ме во грев.“ Се свртев и појдов со морници под тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислев дека она што треба во мене да е страв станува дива болка од која ќе можам да се избавам далеку од ова чудно земјиште со многу жили во себе, негде на некое бачило запаметено од детството или од прикаските на тоа детство: во несоблазнет дом на недоразвиени јагненца до чии меки слабини топло се дише, бескрајно се сонува цутењето на праските и јаболкниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога јатото се изгуби зад редот на оревовите џиновски стебла, некаде кон сувиот поток, лисицата ги допре на земја цицките и сети болка од надојденото млеко; го подуши млакиот воздух и појде кон длабочината на шумата барајќи непроодни места за да го прикрие патот до своето легло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Винстон ја мразеше оваа вежба од која добиваше остри болки од петиците до бутините и која често завршуваше предизвикувајќи му нов напад на кашлица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Болката од нападот на кашлицата не го избриша сосем од умот на Винстон впечатокот што му го остави сонот, а ритмичките движења од вежбањето донекаде и го обновија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Болката од проектилот на чаталот попушти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Излегуваше на чардакот и правеше вежби за да се размрда и потпевнуваше за да го задуши офкањето што му идеше од болките од реумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Оние зборови на тој таму од темницата во кој имаше болка од средбата со Македонијата и жал за оставената плодна земја, за швапските куќи, за дебелите свињи кои во ова време се претвораат во леано месо и колбаси што потоа се залеваат, се сврнгисуваат со топена сланина, буричкаат во сите незаспани и го падат сонот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И неможејќи да ја издржи болката од жал за манастирот, отец Никодим го напуштил игуменството и се затворил во испосничка ќелија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нешто не ти е јасно?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Никој веќе и не помислуваше да глуми болка од божемните рани.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Постојаа наредните пет, па десет минути додека темнината во нивните глави, во мрежниците, не предизвика болка од милион огнени дамки.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Смиреност на мислите и покрај болката од раните, распарана кожа од острицата на жилетот по рацете и градите, темно црвена крв разлеана по подовите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Индигнација, лутина и гнев скриени во сечилото преточени во охрабрувачки занес, злобна алузија за да го казнам просторот и времето околу себе, а претворам во ужас дел од сопствениот хабитус и свесно правам деперсонализација, обезличување на душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Малку посовесните имаат ментална болка од инсолентното лицемерство, фарисејството, неограничената глупост која не може да се контролира.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во општество на извртени вредности кај луѓето кои сеуште го сочувале достоинството се раѓа презир, одбивност, непријатност спрема глупоста, баналноста што ја носи безделничењето, екстремноста која се претвора во неморалност, презир спрема грдосијата на маските кои ги прекриваат безличните.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Несоницата е... Несоницата е исплукан нокт, мрсул под маса, првут од триење, чешање до болка – болка од мислење.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Надвор Свети Илија се растрчува со своите огнени кочии по небото веројатно со намера неговите секавици да го разбркат црнилото од нејзиното срце и да ја истуркаат сета болка од незиното згрчено срце!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дојдоа за радост и радост оставија во срцето на Пела, додека болката од срцето на мајката со денови истекуваше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)